Тимот на Лос Анџелес Лејекрс со победата од 83:79 против Бостон во мајсторката пред своите навивачи рано утрово ја освои 16-тата титула во НБА лигата и сега има само една помалку од најуспешниот тим – нивниот ривал во финалето Бостон Селтикс, кој има 17
Последниот натпревар во финалната серија беше еден од најинтересните. Гостите одлично го отворија натпреварот и по првиот период водеа со 23:14. Предноста ја сочуваа и до полувремето кога беше 40:34 за Бостон. Во овој дел од натпреварот „езерџиите" мака мачеа со шутот. Пресвртот ЛА Лејкерс го направи во последниот период кој успеа да го добие со 30:22 за вкупна победа од 4:3 во финалето.Повторно најефикасен кај домашните беше Коби Брајант со 23 поени, но и 15 скокови, додека во клучните моменти погодуваше и Пау Гасол кој имаше учинок 19 поени и 18 скокови (по 9 офанзивни и дефанзивни). Кај гостите Пол Пирс беше најдобар со 18 поени и 10 скокови. Комплетаната прва петорка имаше двоцифрен број поени, но поради повредата од натпреварот број 6 не играше првиот центар Кендрик Перкинс.Инаку Коби Брајант по втор пат беше прогласен за МВП на финалето.
Неизвесен настапот на САД на Мундобаскетот во Турција?
вторник, 08 јуни 2010
Поради големите тензии на Блискиот исток, крвавиот инцидент со хуманитарците во кои беа инволвирани израелските специјалци, а и млаката реакција на САД, можно е кошаркарската селекција да не настапи на СП во Турција
Иако е се уште многу рано и тензиите за три месеци отсега можеби ќе спласнат, Американците не сакаат ништо да препуштат на случајот околу својата безбедност. Турција, чии конвој хуманитарци беше нападнад на пат кон појасот Газа, остро ги критикуваше САД за млаката реакција, особено што Американците се традиционалните сојузници на непријателот број еден на муслиманските земји, Израел.Сето ова беше доволно, американските медиуми да се распишат за евентуалната лоша безбедносна ситуација, која ќе предизвика неиграње на СП. - Јасно е дека сигурноста е над се. Внимателно се следиме во светот, но за некои конечни одлуки рано е да говориме - вели Џери Коланџело, директорот на американскиот „дрим тим"Во најмала рака тимот на сништата на САД може да биде повеќе од десеткуван поради се почестите откази на првите ѕвезди. По Леброн Џејмс, Крис Бош и Двен Вејд, кои сигурно нема да настапат, преед дефинитивна одлука најавена е и Двајт Хауард, но и од Коби Брајант.- Сигурноста наша е прв услов за доаѓање. Ситуацијата на сите нас ни е во мислите и можам да кажам дека сите опции се во игра, па дури и откажување на настапот во Турција. Но, нема да брзаме и внимателно ќе ја следиме ситуацијата - додаде Коланџело.
Бостон изедначи на 1:1
понеделник, 07 јуни 2010
Кошаркарите на Бостон рано утрово стигнаа до првата победа во годинашново НБА финале против Лос Анџелес Лејкерс
Во неизвесен натпревар во „Стејлпс центарот" Бостон славеше со 103:94 за 1:1 во победи во финалната серија која сега се сели на Исток.
Дека се подготвени за триумф гостите покажаа во првата четвртина која им припадна со 29:22, но шампионот ЛА Лејкерес сепак успеа да стигне до израмнување и на стартот на последниот период ниту една екипа немаше предност – 72:72. Предводени од извонредните Раџон Рондо, кој имаше „трипл дабл" ефект 19 поени, 12 скокови и 10 асистенции и Реј Ален со извонредни 32 поена (8 тројки од 11 обиди - рекорд на финален натпревар) Бостон успеа да ја добие и последната четвртина со 31:22. Доминацијата Бостон ја покажа во последните две минути кога имаше скор од 10:4. Во редовите на шампионот Пау Гасол имаше 25 поени и 8 скокови, додека Коби Брајант остана на за него скромни 21 поен.Натпреварот број 3 од финалната серија се игра во вторник навечер во Бостон. „Селтикси" ќе бидат домаќини на следните три натпревари.
ЛА Лејкерс поведе против Бостон со 1:0
петок, 04 јуни 2010
На стартот од финалната серија оваа сезона во НБА лигата шампионот Лос Анџелес Лејкерс ја искористи предноста на домашен терен и во „Стејплс центарот" го победи Бостон со 102:89 за водство од 1:0
„Езерџиите" во првите три периоди доминираа и на крајот од третиот имаа предност од 20 поени разлика (84:64) со што веќе беше решен победникот на натпреварот број 1.
Најефикасен во домашниот тим беше Коби Брајант со 30 поени и 6 асистенции, додека Пау Гасол имаше учинок од 23 поени и 14 скокови. Кај поразените Пол Пирс беше единствениот расположен да им парира на домашните со 24 поени и 9 скокови (сите во одбрана).Следниот натпревар се игра на 6 јуни (недела), а домаќин е повторно Лос Анџелес Лејкерс.
Артест му донесе победа на шампионот ЛА Лејкерс
петок, 28 мај 2010
Во драматична завршница кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс успеаја да слават победа со 103:101 во Стејплс центарот и да поведат со 3:2 во финалната серија на Западната конференција
Победоносниот кош со звукот на сирената го постигна Рон Артест, откако одлично реагираше на кусиот шут на Коби Брајант и на својот тим му донесе значаен триумф.Домаќинот во поголемиоот дел од натпреварот беше во водство кое играчите на Феникс сепак во последната минута успеаја да го анулираат откако дури во третиот обид (еднаш за тројка шутираше и Стив Неш) Џејсон Ричардсон на 3,5 секунди до крајот погоди за изедначување 101:101.Најефикасен на натпреварот беше Брајант со 30 поени и 9 асистенции, додека кај Феникс Неш имаше учинок 29 поени и 11 асистенции.Следниот натпревар се игра в сабота во Феникс, додека вечерва Бостон ја има третата меч топка за влез во финалето. „Селтикси„ на домашен терен ја пречекуваат екипата на Орландо со водство од 3:2 во победи.
Орландо ја врати неизвесноста во источното финале
Кошаркарите на Орландо ја искористија предноста на домашниот терен во натпреваарот број 5 од финалето на Источната конференција од НБА плеј офот и со убедливи 113:92 го совладаа Бостон
Гостите ја испуштија и втората меч–топка за влез во големото финале. Моменталниот резултат во победи е 3:2 за Бостон.
До синоќешната победата домашната екипа стигна благодарение на тоа што ги доби сите четири периоди, а на моменти со атрактивни акции играше и за публиката во „Емвеј Арената".
Најефикасен беше Џамер Нелсон со 24 поени, додека Двајт Хауард имаше „дабл-дабл" учинок 21 поен и 10 скокови.
Кај Бостон изненаадувачки најпрецизен беше Рашид Валас со 21 поен.
Следниот натпревар се игра во Бостон ноќта петок спрема сабота и тоа ќе биде трета меч топка за „зелените" за пласман во финалето.
Ноќеска се игра натпреварот број 5 од финалето на Западот меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Феникс. Скорот во победи е 2:2.
Фени Индустри по вторпат шампион на Македонија
Кошаркарите на Фени Индустри со убедливи 86-72 е нов шампион на Македонија во кошарка по денешната „мајсторка" во Кавадарци против Вардар Осигурување
Фени по два часа во својата сала „Јасмин" го победија големиот ривал во последните 40 регуларни минути од оваа сезона и со 16 разлика победија за големо славје на домашната публика. За Фени ова е втора титула, а сезонава на денешната шампионска круна го придодаде и куп-трофејот, што значи дека кавадаречкиот тим се промовираше во кошаркарски владетел со двојна круна.Фени по исто сценарио и во оваа финална плеј-оф серија победи како и за првата титула. И пред две годни со Струмица имаше водство од 3-1, но последниот чекор го пролонгираше преку мајсторка на туѓ терен. Сега, Вардар Осигурување успеа да стигне од 1-3 на 3-3, но во Кавадарци, денеска одигра само Фени.Горан Самарџиев со 19 поени и 10 асистенции, како и Дарко Соколов и Слободан Михајловски со по со 18 поени беа најдобрите поединци денеска и најзаслужни за победата, затоа што и беа единствени со двоцифрен број на погодоци. Кај Вардар, Дамјан Стојановски со 22 поени и 8 скока, Перо Блажевски со 17 поени и 6 скока, и Тони Грнчаров со 11 поени беа најпрецизни, но најмногу потфрли центарот Тони Симиќ, кој постигна само шест поени со шест скока.Репрезентативецот на Македонија од таборот на Вардар Осигурување беше прогласен за најдобар играч во финалната серија од оваа сезона во кошаркарското првенство. Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Даниел Димевски им го предаде пехарот на кошаркарите на Фени.По овој расплет Кавадарци вечерва ќе слави до долго во ноќта, а Фени Индустри во идната сезона ќе го очекува предизвикот да ја брани круната, но и да направи чекор понапред во регионалната БИБЛ-лига, каде две сезони по ред стигнува до полуфиналето.
Дамјан Стојановски бр. 1 во финалето
Сосема заслужено и според игрите и според статистиката, кошаркарот на Вардар Осигурување дојде до МВП признанието
Дамјан Стојановски е убедливо најдобар во МВП индексот, поени и украдени топки, а меѓу првите пет е и во асистенции, скокови, дури и во блокади. И додека неговиот постар брат Огнен со Фени Индустри се радува на шампионската титула, не мала утеха за 22 годишниот репрезентативец Дамјан е трофејот за најдобар играч во финалната серија. За заслужената награда најдобро зборува големиот аплауз што на отворена сцена, во салата Јасмин во Кавадарци, го доби Стојановски кога го доби признанието од рацете на Врбица Стефанов. Стојановски и повеќе од бројките, со својата напорна работа и професионалност, но и со спортски и фер-плеј однос на вистински репрезентативец на теренот, што не беше случај со многу негови колеги од обете екипи, заслужи да го памети ова финале по освоениот МВП трофеј.
ЛА Лејкерс поведе со 2:0
Тимот на Лос Анџелес Лејкерс и во вториот натпревар пред своите навивачи во финалето на Запад го победија Феникс и поведоа со 2:0
Триумфот од 124:112 синоќа беше изборен во последната четвртина која домашните ја добија со 34:22. Во текот на целиот натпревар домашниот тим се наоѓаше во водство, но Феникс во финишот на третиот период успеа да изедначи – 90:90.Најефикасен на натпреварот беше Пау Гасол со 29 поени, додека Коби Брајант „уфрли" 21 поен со 13 асистенции. Кај поразените Џејсон Ричардсон реализираше 27 поени, а ветеранот Грент Хил 23.ЛА Лејкерс со оваа победа ја продолжија серијата во НБА плеј-офот од осум победи по ред или скор од 10 победи и 2 пораза.Следните два натпревара меѓу ЛА Лејкерс и Феникс се играат на теренот на „сонцата" во Аризона.
Бостон поведе со 2:0 во финалето на Исток
Кошаркарите на Бостон постигнаа уште една победа на гостински терен во финалето на Источната конференција
Тие синоќа по вторпат го совладаа Орландо со 95:92 и поведоа со 2:0 во финалната серија на Исток, а воедно ја продолжија низата од пет победи по ред во плеј-офот.
Во изедначен натпревар кај победникот најефикасни беа Пол Пирс со 28 поени и Раџон Рондо со 25, додека кај домашните по слабиот прв натпревар Двајт Хауард запиша 30 поени со 8 скокови. На овој дуел кај Орландо потфрли Винс Картер со 16 поени, но и промашени две слободни фрлања во последната минута.
Следниот натпревар се игра во Бостон в сабота, додека вечерва натпреварот број 2 го играат финалистите на Запад, Лос Анџелес Лејкерс и Феникс. Актуелниот првак ЛА Лејкерс води со 1:0.
Барселона - кошаркарски владетел во Европа
Кошаркарите на Барселона се новите европски шампиони, по вечерашниот убедлив триумф во финалето на Евролигата против грчки Олимпијакос со 86-68 во салата „Берси" во Париз
Барселона ја освои втората европска круна, на 11 настап на фајнл-фор завршниците и по седмото финале во Евролигата. Оваа титула доаѓа по седум години, откако на домашен паркет во 2003 година, каталонските кошаркари се закитија со европската титула.Барселона немаше никакви проблеми вечерва со атинските „црвено-бели" и од почетокот до крајот ја потврдија улогата на апсолутен фаворит, па на крајот и убедливиот триумф не е ни изненадување. Хуан Карлос Наваро, шпанскиот репрезентативен бек со 21 поени беше предводник на Барса до победата, а со својата игра го понесе и трофејот МВП на финалето.Покрај Наваро, кај Барселона забележителен настап имаше и Пит Мајкл со 14 поени, а само тројца од тимот на каталонската гордост не се запишаа во листата на стрелци. Барселона уште во првата четвртина покажа кој е кој на паркетот во Париз, правеќи предност од девет поени, која подоцна константно ја зголемуваа и ниту еднаш не загубија во четирите периоди, четвртини од мечот – 28-19, 19-17, 17-14, 22-18.Кај Олимпијакос, херојот кој ги одведе Грците во финале, Џош Чилдрес постигна 15 поени, 13 даде најдобриот стрелец на Евролигата, Линас Клеиза, ветеранот Теодорос Папалукас постигна 12, а МВП на сезоната, Милош Теодосиќ – 10.Во малото финале ЦСКА по продолженија го победи белградски Партизан со 90-88 и го освои третото место, но сите аплаузи ги собраа младите белграѓани, кои само поради недостатокот на искуство, не играа во финалето и два меча загубија во решавачките секунди.